Денвер и Минесота го одиграа најдраматичниот натпревар во божиќната програмата во НБА лигата, а на крајот домаќините славеа по продолжение.
Нагетс имаа и плус 15 на овој дуел, но „волците“ притиснаа во завршницата и на крилјата на расположениот Едвардс успеаја да стигнат до дополнителни пет минути. Токму Едвардс со тројка на секунда до крајот донесе израмнување и го најави продолжението.
ANTHONY EDWARDS SENDS IT TO OVERTIME. 🔥🔥🔥
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 26, 2025
pic.twitter.com/QhhKd8gylK
Во нив имаа стартни 9:0, но Никола Јокиќ и неговите соиграчи се извлекоа и од оваа опасна ситуација, за на крајот да победат со 142:138.
Јокиќ го заврши натпреварот со 56 поени, односно трипл-дабл во кој забележа и 16 скокови и 15 асистенции. Го следеше Мареј со 35 поени, додека Едвардс со 44 поени беше најдобар реализатор кај Минесота.
Лука Дончиќ се врати во редовите на Л.А Лејкерс, но тој и ЛеБрон Џејмс имаа слаб процент на реализација и многу загубени топки, па тимот од Калифорнија загуби од Хјустон во рамките на божиќната програма.
Дури шест играчи на Хјустон беа двоцифрени, а ги предводеше Томпсон со 26 поени. На спротивната страна, Дончиќ го заврши дуелот со 25 поени, а проблем за Лејкерс е и повредата на Остин Ривс, кој мораше предвремено да го заврши натпреварот.
Л.А Лејкерс-Хјустон 96:119
Денвер-Минесота 142:138 (п)







