Тоа болеше! Робот за време на демонстрација шутна човек во незгодно место, камерата сними сè

Точка

30/12/2025

11:36

436

Големина на фонт

а а а

Еден необичен и комичен инцидент со хуманоиден робот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

На виралната снимка се гледа моментот кога „Unitree G1“, следејќи ги движењата на човек облечен во одело со сензори, изведува силен удар – директно во неговите препони!

„Роботски хит момент“

Снимката првично беше објавена на кинеската платформа „BiliBili“, но со молскавична брзина се прошири низ интернетот, особено откако ја сподели технолошкиот новинар Џејмс Винсент.

Во описот тој иронично забележа дека станува збор за уште еден „роботски хит момент“, кој многумина го нарекуваат совршена метафора за односот меѓу човекот и технологијата, пренесува „Daily Mail“.

Инцидентот се случил за време на демонстрација на систем за „фаќање“ на движења, при што сензорите од оделото директно ги пренесуваат податоците до хуманоидниот робот. Машината,без никакво разбирање на контекстот, верно го имитирала секое движење – вклучувајќи и висок удар со нога кој, за жал на техничарот, завршил болно.


Опремен со сензори и камери

Дополнителна доза хумор предизвикал моментот кога мажот се свиткал од болка, а роботот механички ја повторил истата реакција! Токму овој детал корисниците на социјалните мрежи го издвојуваат како особено „суров“, но и урнебесен.

„Unitree G1“, висок 1,32 метра и тежок 35 килограми, важи за еден од технолошки најнапредните комерцијални хуманоидни роботи. Опремен е со "LiDAR" сензори и камери за длабинска перцепција, но без дополнително програмирање неговата улога останува ограничена.

Иако инцидентот е целосно безопасен, тој јасно покажува колку технологијата – кога се користи без дополнителни безбедносни ограничувања – може да произведе неочекувани ситуации.