Киеза се враќа во Јувентус?

Макфакс

30/12/2025

12:41

178

Големина на фонт

а а а

Јувентус е во преговори за враќање на Федерико Киеза, а сите индикации се дека тој би можел да пристигне на шестмесечна позајмица. Според информациите од „Газета дело Спорт“, клубот од Торино веќе ја разгледува опцијата за враќање на својот поранешен играч.

Киеза, за 18 месеци не успеа да ја стекне довербата на менаџерот Арне Слот и покрај тоа што игра добро кога ќе добие шанса.

Јувентус сака да ги засили крилните позиции, Киеза е добро познат играч, играше за Јуве пред да замине во Ливерпул во летото 2024 година.

Вистина е дека имаше бројни проблеми со повреди, но сега е целосно подготвен.

„Газета дело Спорт“, истакнува дека Јуве би го довел само на позајмица, без задолжителен откуп на неговиот договор.

Секако, јасно е дека Ливерпул сигурно ќе купи нов напаѓач, бидејќи Александар Исак е сериозно повреден, а Мохамед Салах не е во онаа форма од претходните сезони.