Ханси Флик ќе ја заврши 2025-та година во добро расположение, бидејќи покрај тоа што неговиот тим е лидер на табелата, во пресрет на Новата година му се враќаат и тројца играчи кои не му стоеја на располагање пред паузата.
Барселона се врати на тренинзите по краткиот божиќен одмор и почна за подготовките на стартот на 2026-та година, а вчерашниот тренинг кој беше од отворен карактер беше одбележан и со враќање на три првотимци.
Жил Кунде и Педри ги санираа повредите и без проблеми го одработија тренингот од кој беа дел и 6 илјади фанови на Барселона, кои пак најмногу се израдуваа на повратникот Роналд Араухо.
По пауза од точно еден месец, Араухо го одработи првиот тренинг за Барса и се врати во тимот, нешто што е од суштинско значење за Уругваецот кој мина низ тежок период.
Поради психолошки проблеми, Араухо побара пауза од клубот на неодредено време и во месец декември одработи и духовно патување во Израел, но какошто стојат работите, сега е ментално стабилен да се соочи со спортските предизвици кои следат во 2026-та година.
Флик може да биде презадоволен од трите добри вести кои ги доби на првиот тренинг по неколкудневната пауза, а блиску до враќање е и Дани Олмо кој синоќа тренирал самостојно и под посебен режим.
Special moments with our culers 🫶 pic.twitter.com/KmeS7hq0eI
— FC Barcelona (@FCBarcelona) December 29, 2025








