Тениска историја: Безвременската Венус ќе игра на Аустралијан Опен

Дерби

02/01/2026

13:42

191

Големина на фонт

а а а

Венус Вилијамс имаше извонредна тениска кариера и освои престижни трофеи во периодот кога водеше големи битки и со својата сестра Серена, но во ситуација кога двете сестри се во петтата деценија од животот, малку кој веруваше дека тие се уште ќе бидат активни на тениските терени.

Ова посебно важи за Венус која и минатава година настапи на неколку турнири во својата родна земја, но сега одлучи да ги прошири хоризонтите и да настапи надвор од САД.

Аустралијан Опен како прв грен слем во годината најави враќање на Венус по пауза од пет години, а настапот кој ќе го има со вајлд-карта ќе биде историски за женскиот тенис.

Венус ќе стане највозрасна тенисерка која настапила на турнирот во Мелбурн, надминувајќи ја Кимико Дате која играше на Аустралијан Опен со 44 години и 3 месеци.

Вилијамс има 45 години и 7 месеци, па првиот настап кој ќе го има на овогодинешниот Аустралијан Опен ќе биде навистина историски за повозрасната сестра Вилијамс.