Новогодишен хуманитарен базар во Gold Felicia– Тетово

Точка

05/01/2026

15:20

205

Големина на фонт

а а а

Во празничен и хуманитарен дух, на 28 декември, во ресторанот Diamond, кој е дел од комплексот Gold Felicia – Тетово, се одржа Новогодишен хуманитарен базар, посветен на најмладите и на промоција на солидарноста и заедништвото.

Настанот беше исполнет со детска радост и празнична атмосфера, преку детско караоке шоу, креативни работилници за деца и сликање со Дедо Мраз, кои привлекоа голем број посетители и создадоа насмевки кај најмладите.


Во рамки на базарот беа поставени штандови со различни производи и креативни изработки, а посетителите имаа можност да дадат свој придонес кон хуманата цел на настанот. Сите собрани средства од Новогодишниот хуманитарен базар се наменети за хуманитарни цели.


Веселата атмосфера, детските гласови и позитивната енергија придонесоа базарот да прерасне во вистинска празнична приказна, која ја потврди важноста на ваквите настани, особено во пресрет на новогодишните и божиќните празници.


Новогодишниот хуманитарен базар е првиот хуманитарен настан организиран во рамки на Gold Felicia Тетово, со кој новоотворениот комплекс најавува отвореност кон идни општествено одговорни активности.