Замрзната брава и врати на автомобил: Како да ги отворите без оштетување?

Точка

08/01/2026

08:04

1.067

Големина на фонт

а а а

Замрзнатите гумени заптивки и рачки на вратите на автомобилот во зима можат да го спречат отворањето на вратите — особено по леден дожд, снег што се топи па повторно замрзнува или при многу ниски температури.

Најпрво проценете дали проблемот е во гумите околу вратата или во самата брава. Ако клучот влегува во бравата и се врти, но вратата не се отвора, најверојатно водата меѓу гумените заптивки и рамката е замрзната. Обидот вратата да се отвори „на сила“ може да ја оштети гумата или бојата. Наместо тоа, нежно притиснете го работ на вратата околу заптивката — мразот може да попушти и вратата полесно да се отвори. Можете и лесно да потчукнете по лимот околу вратата или да се обидете да отворите друга врата ако таа е помалку заледена, пишува „HAK Revija“.


Ако бравата е замрзната, најпрво пробајте со комерцијално средство за одмрзнување на брави или со средство за дезинфекција на база на алкохол. Друга опција е да го загреете клучот (на пример со запалка, со заштитни ракавици), а потоа внимателно да го вметнете во бравата и да го завртите — тоа може да го стопи мразот.

Не се препорачува користење фен за коса за одмрзнување на заптивките или рачката — топлиот воздух од фенот при ниски надворешни температури брзо се лади пред да постигне ефект и во пракса најчесто не помага, а може и да ја оштети бојата.


Откако конечно ќе ја отворите вратата, добро исушете ја внатрешноста на вратата и гумените заптивки за да ја намалите можноста повторно да замрзнат.

Препорака за превенција:

Исчистете ги и негувајте ги гумените заптивки со проверено средство (не користете храна или маснотии како путер или лој), што помага заптивките да не се лепат за рамката и спречува пукање на гумата. Редовното подмачкување на бравата со графитно средство исто така може да го намали замрзнувањето.