[ВИДЕО] Играч на Сандерленд изведе катастрофален пенал, коментаторот му се смееше во преносот

Дерби

08/01/2026

08:53

736

Големина на фонт

а а а

Брентфорд ја продолжи добрата серија на резултати и го надигра Сандерленд на домашен терен со 3:0, резултат кој веројатно можеше да биде и поинаков ако Енцо Ле Фе не изведеше катастрофален пенал во 60-та минута.

Францускиот фудбалер ја презема одговорноста да изведува пенал во обид да му донесе израмнување на својот тим на 1:1, но наместо да биде сигурно и силно, тој реши да се надмудрува со Келехер.

Играчот на Сандерленд се одлучи за препознатлив „паненка“ удар кој совршено го користат голем број фудбалски мајстори, меѓутоа Енцо не успеа доволно добро да ја сокрие својата намера.

Келехер остана во место и ја имаше една од најлесните пенал одбрани во својата кариера, а целата ситуација стана комична и поради реакцијата на аргентинскиот коментатор.

Во јужноамериканскиот пренос на „ТНТ Спортс“, коментаторот не се штедеше да му фаќа сеир на Ле Фе, па слатко му се изнасмеа за потегот кој го изведе.