Ново чудо на Денвер без Јокиќ, Шеј спречи пораз на Оклахома

Макфакс

08/01/2026

09:34

212

Големина на фонт

а а а

Драматичните победи на Денвер, Оклахома и Торонто, односно поразот на ЛА Лејкерс ги обележаа натпреварите во НБА лигата, одиграни во текот на ноќта.

Денвер без Никола Јокиќ, направија уште едно чудо, победија во Бостон со 114:110. Клучна за победата на Денвер беше серијата 14:0 во последнатачетвртина, во која се истакна Зик Наѓи кој во овој период ги постигна своите осум поени.

Денвер го предводеше Џамал Мареј со 22 поени и 17 асистенции, односно Пејтон Вотсон, со рекордни во кариерата 30 поени.

Торонто славеа победа во Шарлот 97:96 со тројката на Имануел Квикли со звукот на сирената.

Оклахома не дозволи да загуби три пати по ред. Шеј Гилџис-Александер, погоди тежок шут за два поени во регуларниот тек од натпреварот за 114:114, а потоа во продолжението со тројка стави крај за конечни 129:125.

Актуелниот МВП мечот го заврши со 46 поени. На спротивната страна Лаури Марканен постигна 29.

Сан Антонио славеа во дуелот со ЛА Лејкерс со 107:91. Лука Дончиќ постигна 38 поени, на кои придодаде и по 10 скока и аситенции.

Резултати:

Филаделфија – Вашингтон 131:110

/Ембиид 28 – Џонсон 20/

Детроит – Чикаго 108:93

/Стјуарт 31 – Досунму 24/

Њујорк – ЛА Клиперс 123:111

/Бренсон 26 – Леонард 25/

Бруклин – Орландо 93:93; 103:104

/Портер 32 – Банкеро 30/

Атланта – Њу Орлеанс 117:100

/Ризашер 25 – Вилијамсон 22/

Мемфис – Финикс 98:117

/Џексон 19 – Брукс 21/