Бадниковото лепче со паричка е обичај што ги спојува семејството, традицијата и верувањата. Не станува збор само за храна, туку за симбол на среќа, здравје и благосостојба.
Бадниковото лепче се меси на Бадниковата вечер, а кога сите членови на домаќинството ќе се соберат околу празничната трпеза, тоа се крши и се јаде. Овој обичај не е само дел од празничната трпеза, туку и симбол на среќа, здравје и благосостојба за целото семејство.
Паричка во лепчето – симбол на среќа и просперитет
Во тестото за лепчето традиционално се става паричка, а во зависност од локалните обичаи, може да се додадат и други ситни предмети. Паричката се додава откако тестото веќе е замесено, а потоа повторно малку се премесува, за ни домаќинката да не знае каде се наоѓа.

Се верува дека личноста која ќе ја пронајде паричката во своето парче ќе има „среќна рака“ во текот на наредната година и ќе ужива во здравје, благосостојба и финансиска среќа. Ако, пак, паричката остане во парчето наменето за „куќата“, се смета дека сите членови на домаќинството ќе имаат среќа и здравје во текот на целата година.
Како се постапува со пронајдената паричка?
Многумина што ќе ја најдат паричката прават грешка така што ја чуваат само за себе или ја забораваат некаде „зафрлена“ во некоја фиока. Традицијата го наложува следново:
• Паричката треба да се „откупи“ со други пари од лицето што ја пронашло.
• Потоа да се стави на икона или покрај неа, каде што ќе остане до следниот Божиќ.
Овој обичај се смета за начин среќникот да ја задржи среќата и богатството во текот на целата година. Паричките од бадниковото лепче имаат посебно значење и никако не треба да се фрлаат, подаруваат или трошат. Доколку некој не сака да ја задржи паричката, може да ја „продаде“ на друга личност, но најчесто се смета за најубаво таа да остане кај оној што ја пронашол.
Стари обичаи и симболика
Во некои краеви постоела практика паричката да се залепи за таванот со малку тесто, за да остане во домот и да ги штити домашните во текот на целата година. Следниот Божиќ, паричката се симнувала и се користела за купување кибрит за огништето, со што се внимавало огнот во домот никогаш да не згасне. Кибритите биле исклучиво за домашна употреба, не се давале ниту се позајмувале.

Овој обичај покажува колку паричката од лепчето била повеќе од обични пари — таа претставувала симбол на заштита, благосостојба и траен домашен мир.
Совети за чување на паричката
• Никогаш не ја трошете и не ја подарувајте како обични пари.
• Најдобро е да се стави покрај икона или на посебно место во домот, каде ќе биде знак на среќа и здравје.
• Чувањето на паричката во домот се смета за најмоќен симбол на просперитет.










