Филмската приказна за легендарниот боксер, принцот Насим Хамед и неговиот тренер Брендан Ингл повторно го стави некогашниот боксер во центарот на вниманието.
Откако се појавил на премиерата во друштво на холивудскиот великан Пирс Броснан, кој во филмот „Giant“ го толкува Ингл, многумина на прв поглед не го препознале некогашниот шампион.
Филмот зборува за неверојатниот подем на денес 51-годишниот поранешен првак и за нарушениот однос со тренерот под чие водство станал ѕвезда.

Еден од продуцентите на филмот е Силвестер Сталоне, кому неговиот прв филм за боксерот Роки Балбоа му донесе светска слава и го претвори во ѕвезда.
Насим Хамед, наречен Принц за време на успешната кариера боксувал од 1992 до 2002 година. Бил повеќекратен светски шампион во перо-лесна категорија меѓу 1995 и 2000 година, а како апсолутен шампион владеел од 1998 до 2001 година.

Во 2015 година бил примен во Меѓународната боксерска куќа на славните. Во текот на кариерата имал 37 борби, а победил во 36 од нив.
Победите најчесто ги остварувал со нокаути (31), а единствениот пораз го претрпел од Марко Антонио Барера во својот претпоследен натпревар, губејќи во борба за „IBO“ титулата. Во последното влегување во рингот победил и ја освоил.