Легендарниот Јапонец не се откажува, го воодушевува светот и на 54 години

Точка

12/01/2026

15:14

1.270

Големина на фонт

а а а

Во својата кариера Касаи има 17 победи во настапи од Светскиот куп, а дури 63 пати поединечно изборил место на подиумот. Освои три олимписки медали – две сребрени и една бронзена – а првата ја освои уште далечната 1994 година во Лилехамер.

Норијаки Касаи, легендарниот јапонски ски-скокач, кој денес има 54 години, сè уште не го кажал последниот збор на светските скијачки скокалници и наскоро повторно ќе се појави на натпреварување во јапонски Сапоро.


Касаи обезбеди место во јапонската репрезентација пред овонеделните натпреварувања од Светскиот куп во Сапоро, кои ќе се одржат на 17 и 18 јануари. Јапонија, како домаќин, има зголемен број квоти за своите ски-скокачи, што ја отвори можноста Касаи повторно да се најде меѓу елитата, на врвот на скокалницата.


Со тоа, Касаи ќе продолжи да урива претежно сопствени рекорди, а во моментов во „Guinness“ книгата на рекорди има дури шест впишани достигнувања на свое име.

Во текот на кариерата Касаи 17 пати славел во натпреварите од Светскиот куп, а вкупно 63 пати поединечно се искачувал на победничкиот подиум. Освои три олимписки медали – две сребрени и една бронзена – при што првата ја освои уште во 1994 година во Лилехамер.


На светските првенства има вкупно освоени два сребрени и пет бронзени одличја.