Гвардиола: Не спиев поради обидот да смислам генијален план за полуфиналниот противник

Дерби

13/01/2026

12:18

352

Големина на фонт

а а а

По комплетираните возбудувања во ФА Купот, англиската програма се сели во Карабао Купот, каде денеска се игра првото од двете полуфиналиња во второто по ранг Куп натпреварување на Островот.

Манчестер Сити ќе му биде гостин на Њукасл во првата од двете полуфинални пресметки, а фактот што „страчките“ се навистина силни и незгодни на „Ст. Џејмс парк“ го натера Пеп Гвардиола да даде и вирална изјава.

Еди Хау во најавата за полуфиналињата посочи дека Манчестер Сити е најтежок можен ривал за двомеч во Куп натпреварување (се игра и реванш во месец февруари), па така Гвардиола доби прашање дали смислил специјален план за својот колега.

– Не спиев цела веќер во обидот да смислам генијален план за игра против Еди Хау……., – иронично во свој стил порача Гвардиола, кој смета дека непотребно се играат по два натпревари во полуфиналињата.

– Го кажав тоа уште пред десет години кога го освоивме првиот Карабао Куп. Сметам дека треба да се игра по еден натпревар во полуфиналињата, – изјави Шпанецот.