Мајкл Карик денеска го има првиот работен ден како менаџер на Манчестер Јунајтед, па иако клубот се уште не излезе со официјално соопштение, поранешниот играч за врска веќе е во Карингтон центарот и го состана својот стручен штаб.
Угледните медиуми блиски до клубот објавија фотографии од моментот кога Карик пристигна во Карингтон комплексот, што значи дека само прашање е на време кога Јунајтед како клуб ќе излезе со детали за договорот.
Карик по вторпат во кариерата ќе го води првиот тим на Јунајтед, но овојпат ќе добие шанса од најмалку неколку месеци, бидејќи планот е да ги води „ѓаволите“ до крајот на сезоната.
Во исчекување на официјалната објава на Јунајтед, пристигна и информација за луѓето кои ќе бидат дел од стручниот штаб, а во составот го нема Вејн Руни.
Легендарниот голгетер јавно му се понуди на Карик како „десна рака“, но Карик одлучи прв помошник да му биде поранешниот асистент на Герет Саутгејт во англиската репрезентација, Стив Холанд, а останати асистенти ќе бидат и Џонатан Вудгејт, Џони Еванс и Трејвис Бинион.
Michael Carrick arriving at Carrington this morning [@StevenRailston] pic.twitter.com/ep5kMjny3h
— utdreport (@utdreport) January 13, 2026








