Албасете направи историски подвиг и успеа да го елиминира Реал Мадрид во осминафиналето во Копа дел Реј, епилог кој носи дополнителен немир во шпанската престолина после бурните денови кои резултираа и со отказ на Чаби Алонсо.
Алваро Арбелоа имаше кошмарно деби како тренер на Реал и неговиот тим загуби со 3:2 на гостувањето на „Карлос Белмонте“, а голот кој беше постигнат во 94-та минута секако донесе различни емоции во двата тима.
Ѕвездите на Реал не можеа да поверуваат што се случи и прилично попарени го напуштија теренот, додека сите играчи на Албасете заедно со публиката имаа незаборавна фудбалска фешта.
Овие моменти со сигурност долго ќе ги памети и Хесус Валјехо, долгогодишниот член на Реал Мадрид, кој вчера се израдува на историската победа на Албасете.
Поради мускулна повреда, Валјехо не можеше да игра против своите доскорашни соиграчи, но тоа не му пречеше да ја слави победата како мало дете и непрекинато да плаче на теренот.
Валјехо мина точно десет години како член на „кралскиот клуб“, а ослободен беше дури изминатово лето.
Las lágrimas de Jesús Vallejo. Esta es una de las imágenes del día.
— RFEF (@rfef) January 14, 2026
📺 @La1_tve #CopaDelReyMapfre | #LaCopaMola🏆 pic.twitter.com/PCuVj4dPBO








