Алваро Арбелоа ја презема вината за срамниот пораз од Албасете во осминафиналето на Копа дел Реј, пораз кој значеше дека Реал остана без уште една шанса да освои титула до крајот на сезоната.
По поразот од Барса во Суперкупот, Реал остана без шанса и за освојување на Купот, но неуспехот со второлигашот ја прави сликата уште полоша за тренерот кој дебитираше на најлош можен начин.
Иако резултатот е катастрофален (3:2), Арбелоа се обиде да ја намали негативната атмосфера на прес-конференцијата, па му испрати посебни и моќни зборови на Винисиус Жуниор, играч кој тој го гледа како капитен на тимот.
– Реми во овој клуб е рамно на трагедија, замислете какво е чувството после ваков пораз. Нашите навивачи сигурно се многу разочарани. Јас сум виновен за овој резултат. Јас го избрав тимот, јас ги направив замените и јас носев одлуки. Јас можам само да им се заблагодарам на играчите, видов играчи кои се обидуваа да направат нешто до самиот крај.
– Видов играчи кои сакаат да победат, даваа се од себе и не можам да им забележам ништо за нивниот став. Знаеме какви барања има овој клуб, па затоа си одиме тажни и разочарани во кревет.
– Винисиус? Беше позитивно да се гледа неговото издание, цело време ја бараше топката, не се криеше и покажуваше дека е тука за тимот. Ова е оној Винисиус кој сакам да го гледам. Некогаш ќе има брилијантни и помалку брилијантни моменти, но овој Винисиус може да биде капитен, ова е Вини кој сакам да го гледам, – изјави Арбелоа по поразот од 3:2.








