Манчестер Јунајтед одлучи да му даде шанса на Мајкл Керик да го води тимот до крајот на оваа сезона, но засега останува нејасно дали новиот стратег ќе добие поддршка од клубот кога е во прашање зимскиот преоден рок.
Информациите на дел од медиумите се дека Керик нема да добие „ветер во грб“ и ќе мора да работи, функционира со она што во моментов го има на располагање.
Дали навистина Јунајтед ќе остане коплетноо мирен допрва ќе видиме, а во меѓувреме медиумите нема да мируваа, па така некогашниот фудбалер на тимот од „Олд Трафорд“, Пол Паркер има едно предлог засилување за сега-тоа е репрезентативецот н Португалија, Рубен Невеш.
- Тоа би имало многу смисла, но мора да се погледнат платите што доаѓаат со тоа, од каде доаѓа. Отсекогаш сум бил негов фан. Дефинитивно би го стабилизирал тој среден ред и би бил апсолутно совршен таму. Кога зборувате за опсег на додавање и за некој што сè е како што треба; неговиот допир; неговата дисциплина, сè што прави е она што сите го бараат во таа улога што ја игра, - вели Паркер кој смета дека со доаѓањето на Рубен користи ќе има и Бруно Фернандеш.
- Аморим сакаше Фернандеш да ја игра таа улога, но не може да го стори тоа бидејќи не е доволно дисциплиниран. Ако Фернандеш игра за Манчестер Јунајтед, мора да игра поофанзивно и да му дозволи на некој друг тоа да го стори. Колку и да сака да стави наметка и да биде Супермен и да прави сè, не може да го направи тоа. Толку е едноставно.
- Тој нема дисциплина. Станува премногу емотивен. Додека го гледате Невеш, тој е сосема поинаков играч. Сосема поинаков. Значи, да, некој како него е соодветен. Им е потребен таков играч, а ако тој сè уште го има она што го имаше пред да ја напушти Велика Британија и се врати и сè уште го има истиот апетит, тогаш тоа е голем бонус, - заврши Паркер кој пет години беше дел од англискиот великан.
Рубен е под договор со Ал Хилал до крајот на месец јуни.












