[ВИДЕО] Украинка чистела снег додека паѓале дронови: Еден експлодирал веднаш до неа, таа си продолжила со работата

Точка

16/01/2026

18:16

766

Големина на фонт

а а а

На интернет се шири потресна снимка од 59-годишната комунална работничка Олха, која продолжила да го чисти снегот од улиците и покрај рускиот воздушен напад.

Нејзината храброст ги импресионирала Украинците и официјалните лица, изјавил градоначалникот на Лавов, Андриј Садови, во четвртокот.

Во четвртокот наутро, како што пренесува „Украинска правда“, руски дрон експлодирал по удар во детско игралиште во близина на споменикот на Степан Бандера, украински националистички лидер од средината на 20 век. Во тој момент, комуналните работници, вклучувајќи ја и Олха, ги извршувале своите должности во близина.

Олха не отишла во засолниште кога било огласено предупредувањето за воздушен напад. Кога дронот експлодирал, запалени и вжарени остатоци паднале многу близу до неа, но таа набрзо продолжила со чистењето на снегот, како ништо да не се случило. Олха работи како улична чистачка веќе десет години.

„Колешката и јас стоевме таму. Ја чистев автобуската постојка. Не знаев дека нешто ќе долета. Потоа ни беше кажано да трчаме и леталото прелета точно над нашите глави. Се случи пригушена, но многу силна експлозија. Мислев дека е мина, но полицаецот рече дека тоа бил „шахед““, изјавила Олха за „Радио Слободна Европа“, пренесува „Украинска правда“.

Градоначалникот ѝ се заблагодарил

Подоцна, градоначалникот на Лавов лично ја повикал Олха за да ја провери нејзината состојба, а таа му рекла дека е добро. Тој ѝ се заблагодарил за храброста и истакнал дека нејзината постапка ја импресионирала целата земја. Планирано е со неа да се одржи и приватен разговор.

„Не знам дали да Ви се заблагодарам или да Ве искарам. Вашата храброст денес ги импресионираше сите во Украина. Сакам да Ви се заблагодарам што ѝ служите на заедницата и за Вашата работа. И ние дополнително ќе Ви се заблагодариме. Но, исто така сакам да нагласам дека, кога ќе дојде до воздушен напад, Ве молам, внимавајте на себе и останете безбедни. Разбирам дека има работа, но Вашата безбедност е на прво место“, рекол Садови.