[ФОТО/ВИДЕО] Струмичанката Тина Русева победи на „The Voice of Europe“: „Тотално сум збунета, искрено благодарам за сите што гласавте...“

Точка

18/01/2026

09:23

2.508

Големина на фонт

а а а

Младата и талентирана струмичанка, Тина Русева го освои првото место на престижното европско музичко натпреварување „The Vice of Europe“ 2025.

Тина Русева одлично се претстави пред жирито и публиката Тина успеа да се квалификува за финалето на овој музички натпревар каде го освои првото место.

Posted by Tina Ruseva on Saturday, January 17, 2026

Тина триумфираше на натпреварот благодарение на публиката и гласовите од жирито.

Возбудена таа неколку пати се огласи на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на сите кои гласаа за неа.

Потсетуваме, 21-годишната струмичанка веќе десетина години со своето семејство живее во Германија.


Таа претходно се натпреваруваше во „The Voice of Germany“ каде што сите ја споредуваа со Витни Хјустон и Селин Дион, а според многумина Тина на настапите звучеше подобро и од оригиналните изведби на песните со коишто таа се претстави во ова популарно шоу.

„Не знам што да кажам, тотално сум збунета. Но еве ќе ви кажам, едно искрено, најискрено благодарам за сите вас што гласавте, го шерувавте видеото да стигне до што повеќе луѓе… Навистина не знам каде се наоѓам моментално, ама голема благодарност до сите вас“, вели Тина по соопштувањето на резултатите и победникот на Инстаграм профилот на овој натпревар.