Уапсени четворица мажи: Возеле пијани, а двајца од нив удриле во паркирани возила

Макфакс

20/01/2026

11:06

182

Големина на фонт

а а а

Ноќеска во 00:40 часот на улицата „Орце Николов“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода 38-годишниот А.Ј. од Свети Николе. Претходно, тој со патничко возило „тојота“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во две паркирани возила и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,97 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Вчера во 14:36 часот на улицата „14 Јуни“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода 59-годишниот М.М. од село Моштица, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „тико“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,13 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Вчера во 16:00 часот на улицата „22 Октомври“ во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишија од слобода 55-годишниот А.К. од Радовиш.

Претходно, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „нисан“ и го напуштил местото. По преземени мерки, тој е пронајден и притоа е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,75 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Ноќеска во 00:55 часот на улицата „11 Октомври“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода 35-годишниот И.П. од село Избиште, ресенско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „порше“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,87 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.