Облачно со повремен дожд а на повисоките места снег, стабилизирање на времето од понеделник

Нетпрес

30/01/2026

07:21

271

Големина на фонт

а а а

Во петок на територијата на Македонија ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен прaвец.

Утринските температури се движат од минус 1 до 6, а соодветно највисоките во текот на денот ќе достигнат меѓу 6 и 10 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде облачно и магловито, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Температурата ќе достигне до 6 степени.

Во деновите на викендот ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има в недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.