Мерц: Европските земји ја разгледуваат идејата за заеднички „нуклеарен чадор“

Макфакс

30/01/2026

11:55

123

Големина на фонт

а а а

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европските земји почнуваат да дискутираат за идеи за заеднички нуклеарен чадор што би ги надополнил постојните безбедносни договори со Соединетите Американски Држави.

Мерц рече дека разговорите се само во почетна фаза и дека нема одлука на повидок, објави Ројтерс. „Знаеме дека треба да донесеме низа стратешки и воено-политички одлуки, но во моментов времето не е зрело“, рече Мерц.

Според него, договорните обврски не ја спречуваат Германија да разговара за заеднички решенија со партнери, вклучувајќи ги Велика Британија и Франција, единствените европски сили што имаат нуклеарен арсенал.

„Овие разговори се водат. Тие исто така не се во спротивност со споделувањето на нуклеарно оружје со САД“, рече тој, според Танјуг. На Германија во моментов ѝ е забрането да развива сопствено нуклеарно оружје според таканаречениот договор „Четири плус два“ ​​што го отвори патот за повторно обединување на земјата во 1990 година, како и историскиот договор за неширење на нуклеарно оружје што Германија го потпиша во 1969 година.