[ФОТО] Сите гледаа во нејзиното раскошно деколте, а кога се сврте, блицевите открија колку ѝ е проѕирно здолништето

Супермен

11/02/2026

17:08

1.183

Големина на фонт

а а а

Брукс Нејдер повторно го привлече вниманието, овојпат на прославата на својот 29-ти роденден, одржана во луксузниот хотел Сан Висенте Бунгалови во Лос Анџелес. Меѓу гостите беа Селена Гомез, Ешли Бенсон и бројни други ѕвезди.

За гламурозната пригода, манекенката се одлучи за бел корсет-топ кој се врзува од страна и проѕирно црно здолниште, создавајќи комбинација што во истовреме е и секси и софистицирана. Под проѕирниот материјал јасно се наѕирала долната облека, додека тесниот корсет едвај го задржувал нејзиното деколте.


Нејдер ја носела косата пуштена да паѓа слободно, а стајлингот го заокружила со црн чокер ѓердан, ѓердан со привезок и висечки обетки.


Нејзината шминка беше во согласност со вечерниот гламур: „smokey eyes“, нежно розево руменило, кармин во нијанса на кожа и црвен маникир. Брукс целата комбинација ја носела со самодоверба, потврдувајќи зошто и понатаму важи за една од најпосакуваните манекенки во индустријата.


Оваа убавица, која е блиска пријателка со Лорен Санчез, порано ја спојуваа со Том Брејди, но се покажа дека тоа не е точно.

Во септември минатата година како бомба одекна веста дека Брукс била во паралелни врски со тенисерите Карлос Алкараз и Јаник Синер. За да биде сè уште поневеројатно, таа го гледала нивниот меч во финалето на „US Open“ во Њујорк.

Во јануари оваа година, се појавија шпекулации за наводната романса помеѓу Брукс и актерот Бен Афлек, кои подоцна беа отфрлени од страна на манекенката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk