[ВИДЕО/ФОТО] Носталгија за класиката: Овој "Grenadier" изгледа како стариот "Defender"

Точка

17/02/2026

20:19

426

Големина на фонт

а а а

Предната маска е редизајнирана во ретро стил на раните модели на "Land Rover", со дополнителни "LED' светла скриени зад решетката.

"Ineos Grenadier" е замислен како духовен наследник на оригиналниот "Land Rover Defender", а британскиот тјунер "Chelsea Truck Company" отиде чекор подалеку и претстави специјална верзија која отворено им оддава почит на старите "Defender" модели.

Во рамки на програмата „Heritage Remastered“, "Grenadier" доби надворешни и внатрешни измени инспирирани од ограничената серија "Defender Heritage Edition" од 2015 година.

Највпечатлив детаљ е зелената каросерија слична на нијансата "Grasmere Green", со бел покрив, проширени крила, метални браници и 20-инчни фелни кои по изглед потсетуваат на класични челични тркала.

Предната маска е редизајнирана во ретро стил на раните модели на "Land Rover", со дополнителни LED светла скриени зад решетката.

Компанијата подготви и втора верзија инспирирана од моделот "Defender 110 SVX" од 2008 година, со црна каросерија и сребрени детали на маската, браниците и фелните.

Внатрешноста е обложена со кожа "Old English Tan" со шиени детали.

Технички, возилото останува непроменето и го задржува редниот шестцилиндричен 3.0-литарски мотор на „BMW“ со 286 коњски сили и 450 Nm вртежен момент, заедно со осумстепен автоматски менувач и погон на сите четири тркала.

Цената на верзијата „Heritage Remastered“ изнесува околу 80.000 фунти, што е приближно 10.000 фунти повеќе од стандардниот модел "Grenadier Fieldmaster Edition", а доплатата најмногу се однесува на ексклузивниот ретро дизајн и полуксузните материјали во ентериерот.