Реакции по изјавите за казна ако со возило заглавите среде крстосница: „Ако сум на семафорите кај Мавровка, на трета лента се паркирани оние на кои никој ништо не им може...“

Точка

20/02/2026

20:36

1.306

Големина на фонт

а а а

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вчера во емисија на „ТВ21“ изјави дека заглавувањето среде крстосница ќе се евидентира како посебен прекршок и нема да се води како поминување на црвено туку како отежнување на движењето на крстосница, со казна од 45 евра.

Тој предупредува дека иако граѓаните поминале на зелено светло од семафорот, но поради метеж се нашле среде крстосница, тие сепак ќе бидат казнети.


„Тој сообраќаен прекршок има друг третман. Нема да има третман поминување на црвено, туку забавување или отежнување на движење во рамки на крстосница, кој е посебно дефиниран, и мислам дека казната беше 45 евра. Значи возачот мора да направи процена дека сообраќајот ќе се закочи ако помине на зелено светло, и ќе мора да застане“, изјави Тошковски.

Министерот појасни дека во тест-периодот имало ситуации кога камерите ги евидентирале возачите како да поминале на црвено, иако тие влегле на зелено светло, но подоцна останале блокирани. Според него, тој проблем е отстранет и прекршокот повеќе нема да се констатира како поминување на црвено, туку како отежнување на движењето во крстосница.

На оваа изјава на Тошковски имаше многу реакции во јавноста, а Ина Многуфина на социјалната мрежа Фејсбук коментираше:

„Значи ако одам од Судска накај Центар и сум на семафорите кај Мавровка, на трета лента се паркирани оние на кои никој ништо не им може кај шо тепаше пајакот, од десно од Бит Пазар идат коли кои не можат да се приклучат во трета лента пошо е резервирана за кафичот па се пикаат во втора и уште ако земе некој од оние на лепак или луѓено ко на седитиви што не знаат кај се фатат да проаѓаат на црвено и ги пропуштам, јас ќе платам 45 евра и сум прошла на зелено? Важи“.