Американскиот произведувач на автомобили „Ford Motor Company“ повлекува околу 4,3 милиони пикапи и теренски возила во САД поради софтверска грешка која може да доведе до откажување на сопирачките и проблеми со надворешните светла.
Се повлекуваат следните модели
⚡ Ford F-150 (2021–2026);
⚡ Ford F-250 SD (2021–2026);
⚡ Lincoln Navigator (2022–2026);
⚡ Ford Expedition (2022–2026);
⚡ Ford Maverick (2022–2026);
⚡ Одредени возила „Ford Ranger“;
⚡ Одредени модели „Ford E-Transit“.

Според соопштението на компанијата, грешката се однесува на модулот којшто може да изгуби комуникација со возилото. Тоа потенцијално може да ја изгуби функцијата на сопирачките и покажувачот на насоката.
„Ford“ најавил дека ќе направи ажурирање на софтверот на погодените возила за да се отстрани проблемот. Сопствениците ќе бидат известени за понатамошните чекори и начинот на закажување на сервисите.

Ова е едно од поголемите повлекувања на возила во САД во последно време, а се однесува првенствено на возила користени за поголеми приколки каде дефектот може сериозно да предизвика последици.