[ВИДЕО] Ријана објави како изгледа еден нејзин ден: Обожавателите се убедени дека работи на нова музика

Точка

27/02/2026

17:37

418

Големина на фонт

а а а

Ријана им даде на обожавателите редок увид својот преполн распоред. На Инстаграм објави видео во кое покажа како изгледа еден нејзин ден.

На снимката се гледа дека по работните обврски заминува во музичко студио – што веднаш поттикна нови шпекулации за долгоочекуваниот албум.

Деловни обврски до доцна во ноќта

Видеото со временски ознаки започнува со нејзиното пристигнување на состанок за „Savage X Fenty“ малку по 21 часот. Откако ги поздравува соработниците, се гледа како разговара за дизајнот и разгледува примероци од ткаенини. Додека во заднина се слуша песната „Le Freak“ од групата Шик, Ријана потпишува примероци од своите албуми „Loud“, „Music of the Sun“ и „Good Girl Gone Bad“.


„По ова одам во студио, а потоа на син ми морам да му направам костим за Марди Гра“, рекла додека состанокот се продолжил до речиси до два часот по полноќ. „Најдолгиот ден досега“, додала пејачката. Ријана и раперот АСАП Роки имаат два сина – РЗА и Рајот – и ќерката Роки.


Обожавателите се надеваат на нова музика

Околу 2:30 часот Ријана веќе била во студио, но во тој дел од снимката го исклучила звукот за да не открие на што работи. Студиски албум нема објавено уште од „ANTI“ во 2016 година, а последната песна, „Friend of Mine“, излезе во 2025 година и беше снимена за филмот „Штрумфови“.

„Можеме некогаш на кафе, да се запознаеме“, се пошегувала во видеото со екипата во студиото. Објавата од студиото предизвикала бројни реакции од обожавателите, кои се надеваат дека работи на деветтиот албум. „Сега овој албум навистина доаѓа!“, напишал еден следбеник, а друг додал: „Студио? Значи нова музика?“.