Единствената земја во регионот каде струјата не поскапела дури 10 години – за тоа време Македонија бележи раст од 38 отсто

Точка

03/03/2026

20:28

1.209

Големина на фонт

а а а

Додека во земјите од регионот цената на електричната енергија расте и до 92 отсто, Црна Гора од 2015 до 2025 година забележува благ пад на активна цена на струјата од еден отсто, покажуваат податоците од „Monstat“ и „Eurostat“.

Според податоците, Црна Гора е единствената држава во регионот во која во период од 2015 до 2025 година не дошло до зголемување на активните цени на електричната енергија за домаќинства.

Напротив, забележан е благ пад од еден отсто.


За разлика од Црна Гора, сите останати земји од регионот во истиот период бележат раст на цената на струјата.

Најизразен скок е регистриран во Србија каде цените се зголемиле за дури 92 отсто, односно речиси двојно во однос на нивото од 2015 година.

Значајно поскапување евидентирано е и во другите држави: во Албанија цените се зголемиле за 42 отсто, во Македонија и Бугарија по 38 отсто. Во Косово растот изнесува 23 отсто, во Босна и Херцеговина 15 отсто, додека пак во Хрватска забележан е раст од 14 отсто.

Споредувана е т.н. активна цена на електричната енергија, без даноци и дополнителен надомест, што овозможува попрецизно споредување на основната цена на киловат-час меѓу државите.

Набљудуваниот период ги опфаќа и годините на енергетска криза и моќен раст на цените на енергенсите ширум Европа, што во поголем дел од земјите се „прелеало“ и на сметките од домаќинствата.

Во соопштението се истакнува дека податоците јасно покажуваат различни трендови во регионот – додека другите држави ги коригирале цените нагоре, Црна Гора го задржала стабилното ниво, без зголемување.


Анализата следела по објавите на професорот од Економскиот факултет во Белград, Горан Радосављевиќ којшто на социјалните мрежи ги потенцирал податоците од „Eurostat“ за движење на цените на електричната енергија во регионот.

Се заклучува дека стабилната цена на струјата има пошироко економско значење – предвидливите трошоци за енергија влијаат на конкурентноста на економијата, но и на животниот стандард на граѓаните, особено во периодите на инфлација и зголемување на економскиот притисок.

Извор: „Energijabalkana.net“