Ниту семејниот скандал не ја спречи оваа млада милијардерка да им го „замати умот“ на следбениците со топлес фотографија

Супермен

03/03/2026

15:52

878

Големина на фонт

а а а

Провокативните фотографии пристигнуваат во време на семејната драма која го обележа семејството Бекамови, а Никола Пелц, изгледа, на тоа воопшто не обрнува внимание.

Сопругата на Бруклин Бекам, Никола Пелц, објави неколку провокативни фотографии пред 27-от роденден на Бруклин. Ова не е првпат таа да ја загрева атмосферата на социјалните мрежи, а овојпат жешките кадри пристигнуваат во екот на семејната драма.


И додека веќе сите се поделени– некои „тим Бруклин“, а некои „тим Викторија“ – бегалецот син, како што го нарекуваат медиумите во Велика Британија, ужива со својата сопруга и веќе не му е гајле за злите коментари.

Никола сега ја „зачини“ ситуацијата со топлес фотографија направена пред огледало. Младата милијардерка позирала во бели хулахопки и штикли, додека со рацете ги прекрила градите.


Според странските медиуми, споменатите објави се направени за време на снимањето на нејзиниот нов филм „Prime“, а за потребите на таа улога Никола се подложила на посебен режим. Таа ослабела толку што сега има помалку од 45 килограми и напорно вежбала балет.


Бруклин Бекам предизвика вистинска лавина со признанието дека со својата примарна фамилија ги прекинал сите односи, а потоа ја обвини и мајка си дека целиот живот се обидувала да го контролира, но и да го уништи бракот со Никола Пелц.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk