[ФОТО-ВИДЕО] „Генетиката си го направила своето“: Ќерката на Моника Белучи ги „украде“ погледите во Париз

Супермен

04/03/2026

18:26

466

Големина на фонт

а а а

Дева Касел, ќерката на Моника Белучи и Венсан Касел, привлекла големо внимание со своето појавување на Париската модна недела, каде околу неа се собрале обожаватели кои сакале автограм.

Но, 21-годишната девојка покажала дека интересот не го предизвикува само поради своите славни родители – туку и затоа што сè поуспешно ја гради сопствената кариера како манекенка и актерка.

Елегантно издание во Париз

Затоа не изненадува што Дева добила покана за Париската модна недела, која започна на почетокот на неделата и трае до 10-ти март. На ревијата на женската колекција на „Диор“ изгледала елегантно во кошула со пруги и скроени килот панталони. Со насмевка им мавтала на обожавателите, додека нејзината кафеава кадрава коса ѝ паѓала преку рамената.


„Генетиката си го направила своето“, „Прекрасна девојка“, „Ќе биде голема ѕвезда како својата мајка“, „Ми се допаѓа што не живее на сметка на славните родители, туку го гради својот пат“ се само дел од комплиментите што се редат на социјалните мрежи.


Ќерка на актерски икони

Дева е најстарата ќерка на италијанската актерка и манекенка Моника Белучи и францускиот актер Венсан Касел.


Венсан е познат по улогите во филмови како „Ocean’s Twelve“ и „Black Swan“ додека Моника стекна статус на икона како манекенка и актерка во филмови како „Spectre“ и продолженијата на „Matrix“.

Славниот пар се развел во 2013 година по 14 години брак, а како причина навеле „заедничка одлука“. Освен Дева, имаат и шест години помлада ќерка Леони. Се смета дека Дева има близок однос со двајцата родители, кои ја поддржуваат нејзината кариера во светот на шоу-бизнисот.


Успешна кариера како манекенка и актерка

И покрај младоста, Дева веќе изградила завидна кариера, следејќи ги стапките на своите родители. Во светот на модата влегла на само 14 годишна возраст и набргу станала муза на модната куќа „Долче и Габана“, појавувајќи се во бројни кампањи за нивните парфеми.


Таа е и амбасадорка на луксузниот бренд за накит „Картие“. Откако се испробала и во актерството, дебитирајќи во 2023 година, неодамна глумела и во серијата на Нетфликс „Леопард“.

Нејзината популарност ја потврдуваат и 1,8 милиони следбеници на Инстаграм.


За статусот „непо-бебе“

Се чини дека Дева не се срами од предноста што ѝ ја овозможиле нејзините родители во индустријата, но јасно става до знаење дека и самата напорно работи.

„Еднаш слушнав изрека дека наследството – во овој случај славни родители – е корисно само ако не знаеш ништо да работиш“, изјавила претходно за „Татлер“.


„Тоа те изложува на различни светови, но луѓето секогаш ќе ја омаловажуваат твојата работа, мислејќи дека сè ти е дадено и дека е лесно. Но, не е така“ нагласила Дева.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk