Кога на љубовта ќе ѝ дојде крајот: Свршеницата на Дончиќ ги избришала сите заеднички фотографии, се шпекулира за раскинување

Супермен

06/03/2026

18:25

1.617

Големина на фонт

а а а

Словенечката кошаркарска суперѕвезда Лука Дончиќ блеска на НБА терените оваа сезона, но на приватен план не му „цветаат“ рози, бидејќи сè почесто се зборува дека неговата врска со Анамарија Голтес е завршена.

Станува збор за една од најдолгите и најстабилни врски кога станува збор за познати спортисти, бидејќи Дончиќ е со Анамарија уште од средношколските денови.

Тие се запознале кога имале 12 години, неколку години подоцна ја започнале врската, а официјално се заедно од 2016 година.


По повеќе од десет години познанство, сè почесто се шпекулира дека на љубовта ѝ дошол крај, а тие приказни дополнително ги поттикна потегот на Анамарија, која деновиве од Инстаграм ги избриша сите објави со Дончиќ.


Ваквите вести доаѓаат по околу два месеци откако парот ја доби втората ќерка Оливија, а две години претходно станаа родители на малата Габриела.

Исто така, сомнежите за разделба на овој пар се зголемија по нејзината објава од февруари во која, на прашањето каков вид музика сака, одговорила: „Комплицирано е“.


Покрај тоа, дури и самиот Лука од Инстаграм ги избриша фотографиите што ги објави откако ја запроси Анамарија.

Дончиќ оваа сезона е првото име на Лос Анџелес Лејкерс и го води тимот кон пласман во плејофот на НБА лигата, бидејќи „Езерџиите“ моментално се шести на табелата на Западот со скор од 37 победи и 25 порази.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk