[ФОТО] Објавена е нова мапа на корупција во Европа: Еве на кое место се наоѓа Македонија

Точка

09/03/2026

19:27

2.451

Големина на фонт

а а а

Владите понекогаш манипулираат со податоците за бруто домашниот производ. На пример, податоците за бруто домашниот производ можат да бидат искривени преку начинот на пресметување на индексот на цените. Исто така, се случува да престанат да објавуваат важни статистички податоци во период пред избори.

Во некои случаи се прават обиди за укинување на независни институции за статистика. Се додаваат и прашања во пописот на населението кои можат да влијаат врз пристрасни одговори. Понекогаш се задржуваат индекси на цени за кои е познато дека се несигурни и имаат силно негативно влијание врз важни пензиски системи – и така натаму.

Ранг-листата за перцепција на корупцијата на организацијата „Транспаренси интернешнл“ често се користи како показател за проценка на нивото на корупција во владите на различни економии, пишува „Ворлд економикс“.


Организацијата „Ворлд економикс“ овие рангирања ги претворила во индекс на скала од 0 до 100, каде што 0 означува целосна корупција, а 100 целосно отсуство на перцепција за корупција во државната власт.

Според официјалните податоци за 2025 година, Данска се наоѓа на врвот на листата со оценка 100, што значи целосно отсуство на корупција. По неа следуваат Финска (97,4), Луксембург (88,3), Норвешка (88,3), Швајцарија (88,3), Шведска (87), Холандија (84,4), Исланд (83,1), Ирска (83,1) и Германија (80,5).

Македонија не котира баш најдобро на табелата со оценка од 35,5, додека зад неа се Албанија со 34,2, Босна и Херцеговина со 27,6 и Србија со 26, 3.