[ФОТО] Мачор со огнено портокалови очи ги „освојува“ социјалните мрежи: Се појавил во музички спот и реклама

Точка

11/03/2026

10:16

454

Големина на фонт

а а а

Кога неговата сопственичка го примила кај себе, немала поим колку тоа ќе ѝ го промени животот. Продорните портокалови очи на нејзиниот сакан мачор Оби ѝ ја отвориле вратата кон светот на славата, а четириножното крзнено суштество брзо станало хит на интернет.

Британката Викторија Хатавеј долго време посакувала да има крзнен пријател, а кога наишла на Оби, неговите очи веднаш ја шармирале.


„Тој беше едноставно совршен“, истакнала Викторија. Сепак, воодушевувањето набрзо било заменето со грижи. Пет месеци подоцна, нејзиниот познаник забележа дека Оби не оди правилно, а дијагнозата била јасна – болест на ’рбетот. Без операцијата од 7.000 фунти, тој ќе завршеше парализиран. Викторија не се двоумела и ја споделила неговата приказна на својот Инстаграм за да собере пари за операцијата.


Оби брзо стекнал голем број следбеници и изградил заедница за која повеќето домашни миленици можат само да сонуваат.

„Неверојатно е како луѓето реагираа“, рекла Хатавеј. Стекнатата популарност, исто така, му ја отворила врата кон светот на шоу-бизнисот: мачор со необична боја на очите бил забележан од агенција за таленти и му овозможил да се појави во телевизиска реклама за колбаси „Ричмонд“.


И тоа не е сè. Оби се појавил и во музички спот на популарната K-pop група „Blitzers“.


„Неверојатно е како мала мачка може да привлече толку многу внимание“, истакнала сопственичката на Оби.


На Инстаграм профилот „@obi.toe.beans“ сега редовно покажува како Оби ги поминува деновите помеѓу позирањето пред камерата, играњето и одморањето во неговото омилено креветче.


Операцијата на ’рбетот била успешна, па сега тој може мирно да си продолжи со својата мачкарска работа и да продолжи да го шармира светот со своите светли портокалови очи.