[ФОТО] Овој автомобил нуди повеќе од 16.000 км бесплатно возење: Првиот примерок веќе произведен

Точка

11/03/2026

22:26

337

Големина на фонт

а а а

Првиот примерок од првиот електричен автомобил на соларен погон во светот излезе од производната линија.

Футуристичниот „Aptera“ со три тркала и две седишта се развива веќе седум години во својата актуелна верзија и сега е подготвен да излезе на патиштата, но засега не и за купувачите.

Автомобилот има соларни панели на покривот, задната врата и на хаубата, а е дизајниран така што потенцијално може да ја елиминира потребата возачите во сончеви климатски услови да го приклучуваат возилото на полнење на батеријата.


Се наведува дека „Aptera“ може да понуди досег до 640 километри со едно полнење на батеријата за помалку од еден час, како и околу 54 километри „бесплатно“ возење дневно исклучиво благодарение на сончевата енергија.

Луѓето кои живеат во сончеви климатски услови потенцијално би можеле да добијат повеќе од 16.000 километри бесплатно возење годишно благодарение на соларната енергија.


Автомобилот има исклучително аеродинамично тело изработено од ултра лесен, но исклучително цврст композитен материјал од јаглеродни влакна. Станува збор за комбинација од карбон, кевлар и композит од лен во конструкција со „сендвич“ јадро.

„Aptera“ веќе има речиси 50.000 резервации кои претставуваат потенцијален приход поголем од две милијарди американски долари.