Г7 ќе ја испита можноста за придружба на бродови во Персискиот Залив

Макфакс

12/03/2026

07:03

321

Големина на фонт

а а а

Лидерите на групата земји од Г7 – САД, Канада, Јапонија, Италија, Велика Британија, Германија и Франција – се согласија да ја истражат можноста за обезбедување придружба на бродовите за да им се овозможи слободно да се движат во Персискиот Залив, се вели во соопштението на Г7.

Соопштението дојде откако францускиот претседател Емануел Макрон свика телефонски состанок со лидерите на Г7 за да разговараат за војната меѓу САД и Израел против Иран и нејзиното влијание врз зголемувањето на цените на енергијата.

„Во овој поглед, формирана е работна група за да ја истражи можноста за придружба на бродови кога ќе бидат исполнети соодветни безбедносни услови, а тоа ќе се направи со пристап до превозни компании, транспортни компании и осигурители“, се вели во соопштението.