Делови од Карпош и Ѓорче Петров денеска без струја

Макфакс

12/03/2026

07:04

183

Големина на фонт

а а а

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

· од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од улицата 1056 – Скупи и дел од улицата Никола Карев, подулица бр. 9, општина Карпош;

· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Козле бр. 91, општина Карпош;

· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улицата Исаија Маџовски и дел од булеварот Васил Чакаларов, општина Ѓорче Петров.