Хет-трикот на Федерико Валверде донесе многу позитивни коментари и комплименти за уругвајскиот фудбалер, а се чини дека неговиот ефект ќе биде доволен и за пласман во четвртфиналето на Реал Мадрид.
Валверде ја остави без одговор одбраната на Манчестер Сити во три ситуации во првото полувреме, а неговиот соиграч Трент Александер-Арнолд посебно ги истакнал неговите квалитети по завршувањето на средбата на „Бернабеу“.
– Го пофалив и пред неколку недели, но ќе повторам дека немам точни зборови кога сакам да го опишам како фудбалер.
– Мислам дека е најпотценетиот фудбалер на планетата и тоа е така со години.
– Бев негов голем фан уште кога не бев дел од Реал, едноставно нема слаби страни и не постои работа што не може да ја направи, – рекол англискиот интернационалец.






