Интер ќе се ослободи од неколку ветерани, а прва трансфер цел ќе му биде играч на Рома

Дерби

12/03/2026

12:58

750

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Интер и натаму имаат голема предност на табелата во Серија А и големи шанси да стигнат до шампионската титула, додека раководството веќе размислува за чистката која ќе биде направена претстојното лето.

Неколку ветерани чии договори истекуваат ќе бидат ослободени од обврските, а тоа може да се случи со уште неколку искусни играчи доколку Интер добие соодветни понуди од заинтересираните клубови.

„Газета дело Спорт“ тврди дека Зомер, Ачерби, Дармијан и Де Фрај дефинитивно ќе го напуштат клубот од Милано како слободни агенти, а големи се шансите да им се приклучи и Хенрик Мхитарјан.

Јасно е дека на Интер ќе му бидат потребни освежување, а главна цел во летниот преоден рок би бил Ману Коне, францускиот играч за врска кој е еден од најдобрите во редовите на Рома.

Интер не успеа да го доведе Коне претходното лето, но сега би инвестирал најмалку 40 милиони евра за да го засили средниот ред со навистина квалитетен играч.