Нето за неспортскиот потег во Париз: Му се извинив на момчето најмалку 35 пати

Дерби

12/03/2026

12:59

775

Големина на фонт

а а а

Педро Нето призна дека погрешил со оттурнувањето на момчето кое беше еден од собирачите на топки на дуелот меѓу ПСЖ и Челси и јасно се извини за својот потег, потенцирајќи дека повеќе пати се извинил и на жртвата не неговото некоректно однесување.

Инцидентот се случи пред крајот на дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите, а очекувано Португалецот предизвика и мешаница на теренот, бидејќи она што го направи ги испровоцира и домашните фудбалери.

– Сакам уште еднаш да му се извинам на момчето, веќе разговарав со него.

– Губевме и во таа нервоза сакав да ја добијам топката побрзо, па затоа го турнав.

– Не сум таков, затоа се извинив и му го подарив дресот. Мојот француски не е добар, па го замолив Витиња да објасни дека не сум таков човек. На крајот момчето се смееше, му го подарив дресот и му се извинив најмалку 35 пати, – рекол фудбалерот на Челси.

Нето не беше санкциониран од судијата, па останува нејасно дали може да добие казна од УЕФА поради своето однесување.