Антонин Кински се најде во несекојдневна ситуација, откако со неговите грешки на стартот на средбата меѓу Атлетико и Тотенхем му подари голови на противникот, па беше заменет од Игор Тудор среде прво полувреме.
Потегот на менаџерот на Тотенхем му донесе многу критики, но и изјави за поддршка за чешкиот голман, кој сигурно никогаш нема да го заборави гостувањето на „Метрополитано“.
Тибо Куртоа по вчерашниот дуел меѓу Реал и Манчестер Сити открил дека лично му се јавил на својот колега, за да му изрази поддршка во тешките моменти.
– Му се јавив на Кински по натпреварот на Тотенхем. И јас правев грешки во Атлетико, правев грешки и во Челси, Меси ме понижи неколку пати.
– Му кажав дека треба да извлече поука и да ја научи лекцијата од ова искуство. Мора да ја задржи самодовербата, бидејќи позицијата на голманот е многу осетлива. И најмалата грешка може да заврши со гол на противникот, па би сакал да знам дека и Тотенхем ќе го поддржи сериозно во оваа ситуација, – рекол Куртоа.






