Антонио Касано е убеден дека Јувентус треба да го задржи Лучијано Спалети на тренерската позиција и за следната сезона, но има многу замерки за ростерот со кој располагаат „бјанконерите“.
Поранешниот напаѓач смета дека на Јувентус му треба голема чистка и подобрување на квалитетот на екипата со нови имиња доведени наредниот период.
– Јуве ќе има многу подобра сезона ако го задржат Спалети.
– Но, тие се слаба екипа без топ фудбалери на располагање. Јувентус може да доведе скапи засилувања, но исто така треба да се ослободи од дури десет играчи, – рекол Касано, без конкретно да објасни за кого мисли дека треба да замине од Торино.
Касано има свој став и за идната сезона на Интер.
– Киву доаѓа од школата на Ајакс и сигурен сум дека Интер следната сезона ќе игра во формација со четворица дефанзивци. Потребно им е реновирање и двајца играчи за врска, бидејќи Чалханоглу ќе замине во Турција, а Барела веќе едвај трча. Проблем за таа формација 4-2-3-1 е што се потребни квалитетни крилни играчи кои се многу скапи на пазарот, но и плејмејкер како Лоботка. Мислам дека тој ќе оди кај Спалети, – рекол Касано.






