Трамп: Следната недела ќе го нападнеме Иран многу жестоко

Макфакс

13/03/2026

14:47

220

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се подготвени да обезбедат воена придружба на бродовите низ Ормутскиот теснец доколку е потребно и се закани дека следната недела САД ќе го нападнат Иран многу жестоко, објави Фокс њуз.

Кога беше прашан дали САД ќе им помогнат на танкерите со нафта да поминат низ клучниот морски теснец, Трамп рече да.

„Ќе го сториме тоа доколку е потребно. Но, знаете, се надеваме дека работите ќе одат многу добро. Ќе видиме што ќе се случи“, рече тој, без да даде дополнителни детали.

Тој ги даде своите изјави во интервју со Брајан Килмид, кое делумно беше емитувано во емисијата „Фокс и пријателите“.

„Ќе ги удриме многу силно следната недела“, додаде Трамп.

Неговите коментари доаѓаат во време кога САД и другите земји се борат со растечките цени на нафтата и гасот. Војната меѓу САД и Израел влезе во својот 14-ти ден, а цените на нафтата денес се движеа близу 100 долари за барел.