Американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да ги повикува европските сојузници да направат повеќе за повторно отворање на Ормускиот теснец, соопшти Белата куќа, пренесе Анадолија.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека многу западни земји имаат корист од тоа Иран никогаш да не дојде до нуклеарно оружје и дека затоа треба повеќе да помогнат во обезбедувањето на пловниот пат.
Трамп, како што наведе, разговара со европските сојузници и ги повикува да се вклучат во напорите за повторно отворање на теснецот, споредувајќи го тоа со претходниот притисок кон земјите членки на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана.
Во неделата Трамп ги повика Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Велика Британија да се приклучат на „тимски напор“ за одржување на Ормускиот теснец отворен со испраќање воени бродови.








