Амбасадорот на Иран тврди: „Планот на Трамп не успеа“

Макфакс

17/03/2026

12:14

261

Големина на фонт

а а а

Амбасадорот на Иран во Русија, Казем Џалали, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сакал вооружените сили на Иран да му „се заколнат на верност“, но дека неговиот план не успеал поради отпорот на иранскиот политички систем.

Џалали објасни за ТАСС дека Трамп верувал дека со убиството на врховниот водач на револуцијата може да го дестабилизира Иран и да ја добие лојалноста на главните воени структури, да прогласи победа до отворањето на меѓународните финансиски пазари и да покаже дека нападот врз Иран нема да има последици за САД.

„Отпорноста на иранскиот политички систем го изненади, но гордоста и самодоволството го спречуваат да признае пораз“, истакна дипломатот.

Џалали нагласи дека вооружените сили на Исламската Република Иран се подготвени за секаков сценарио и дека „секој агресор ќе биде строго казнет“.

На 28 февруари, САД и Израел започнаа воена операција против Иран, погодувајќи голем број цели, вклучувајќи го и Техеран. Иранската Исламска револуционерна гарда возврати со напади врз цели во Израел, како и врз американски објекти во Бахреин, Јордан, Катар, Кувајт, ОАЕ и Саудиска Арабија.

За време на конфликтот, врховниот лидер Али Хамнеи беше убиен, а Собранието на експерти на Иран подоцна го избра неговиот син за нов врховен лидер.