30 проценти зголемување на цената на нафтата, владин дебакл, велат од ДУИ

Макфакс

17/03/2026

12:16

223

Големина на фонт

а а а

Она што го предупредуваше ДУИ веќе се случува. Нема никаква интервенција од Владата за да се заштити животниот стандард на граѓаните, оставајќи ги на милост и немилост на случувањата, велат од ДУИ.

Според оваа партија, Република Северна Македонија во моментов функционира без функционално Министерство за економија, во време кога се очекува значително зголемување на цените на основните производи, на трошоците за транспорт и, воопшто, поскапување на животот за граѓаните.

Од Демократската унија за интеграција истакнуваат дека, доколку итно не се имплементираат предложените мерки, цените воопшто може да се зголемат за повеќе од 10%, што сериозно ќе ги оптовари семејните буџети во земјата.

„Оваа Влада нема соодветен капацитет да управува со кризи кои се случуваат дури и на илјадници километри од земјата. Поради тоа, Владата треба веднаш да го разреши министерот за економија, кој очигледно нема ниту визија ниту план за справување со економските кризи.

Уште еднаш ја повикуваме Владата сериозно да ги разгледа предлозите на ДУИ, кои ќе ја имаат нашата целосна поддршка доколку мерките за заштита на граѓаните се процесуираат и усвојат во Собранието“.