Националниот парк Шар Планина информира дека нивните трап-камери неодамна регистрирале две нови единки на балкански рис.
„Имаме нова радосна вест. На нашите трап-камери, на територијата на Паркот, неодамна се регистрирани две нови единки од балкански рис. Истите се забележани при вршење на редовен мониторинг, на делот од територијата кој административно припаѓа на Општина Врапчиште. Со ова, бројот на идентификувани единки од рис се зголемува од 3 на 5“.
Двете единки, како што појаснуваат се во добра здравствена состојба, што, како што велат, претставува показател за стабилизирање и закрепнување на популацијата на овој редок вид на Шар Планина.
„Благодарение на заложбите на тимот на ЈУ Национален Парк Шар Планина, бројот на дивите животни, а особено на рисот, е во пораст, што го потврдува позитивниот ефект од мерките за заштита на природата.
Продолжуваме посветено да се залагаме за заштита на дивиот свет и унапредување на екосистемите на Шар Планина“.








