Голем удар за „Amazon“? На европскиот пазар се појавува нов гигант – нуди 100.000 производи и испорака истиот ден

Супермен

18/03/2026

17:00

1.655

Големина на фонт

а а а

Кинескиот гигант за е-трговија „JD.com“ во понеделник ја лансираше интернет-платформата „Joybuy“ во Обединетото Кралство, Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург, со што дополнително го проширува своето работење надвор од домашниот пазар и го таргетира пазарниот лидер „Amazon“.

„JD.com“ сака да го интернационализира своето работење, а минатата година договори купување на германскиот трговец со електроника „Ceconomy“, сопственик на брендовите „MediaMarkt“ и „Saturn“, за 2,2 милијарди евра.

Лансирањето доаѓа во време кога кинеските трговци и брендови сè повеќе го шират своето работење во САД и Европа, барајќи нови извори на раст надвор од жестоката конкуренција и слабата побарувачка од потрошувачите со која се соочуваат на домашниот пазар.


Цените ќе бидат „конкурентни“

На интернет-страницата и во апликацијата „Joybuy“ ќе се продаваат повеќе од 100.000 производи од областа на технологијата, домашните апарати, убавината, опремата за домот и прехранбените производи. Платформата ќе вклучува и посебни продавници на брендови како „L’Oreal“, „Braun“, „DeLonghi“, „BRITA“ и „Bodum“, а во понудата ќе има и премиум брендови како „Apple“ и „Samsung“.

„JD.com“ порача дека цените ќе бидат „конкурентни“. Брзата испорака до купувачите во големите градови ќе биде клучна продажна предност, изјави Метју Нобс, директор на „Joybuy“ за Обединетото Кралство. Нарачките примени до 11 часот ќе пристигнат истиот ден додека нарачките испратени пред 23 часот ќе пристигнат следниот ден, пишува „Reuters“.

Неограничена бесплатна достава

Од самиот почеток повеќе од 15 милиони домаќинства во Европа и Обединетото Кралство ќе бидат опфатени со можноста за испорака истиот ден. Испораката е бесплатна за нарачки над 29 евра, а „Joybuy“ таргетира и корисници на „Amazon Prime“ со претплатата „JoyPlus“ за неограничена бесплатна достава, која во промотивниот период ќе чини 3,99 евра.


Нобс не сакаше да открие колку „JD.com“ инвестирал во проектот, кој вклучува 60 магацини, повеќе од 49.000 пакетомат-станици, низа логистички центри низ Европа и сопствена служба за последна испорака. Компанијата од Кина увезе и дел од сопствената автоматизирана магацинска технологија, користејќи стотици роботи за собирање на стока.

„JD.com“ во 2024 година ја разгледуваше можноста за преземање на британскиот трговец со потрошувачка електроника „Currys“, но на крајот се откажа. Минатата година, исто така, водеше разговори за купување на „Argos“ од трговскиот синџир „Sainsbury’s“, но ни тие преговори не завршија со договор.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk