Барселона го декласира Њукасл со 7:2, во осминафиналниот реванш во Лигата на шампионите.
Спектакуларно првото полувреме одиграа Барселона и Њукасл. англискиот тим два пати се врати во мечот по водството на Барселона, во 37-та минута не доби пенал по дуелот на Кансело и Еланга.
Пенал доби Барселона, по непотребниот фаул на Трипие врз Рафиња. Впечаток е дека тој момент го одреди понатамошниот тек на натпреварот.
Њукасл се распадна во второто полувреме, во периодот од 51-та до 72-та минута, Барселона благодарение на почетничките грешки на противниците постигна четири гола.
Каталонците славеа со головите на Рафиња (6′, 72′), Марко Бернал (18′), Ламине Јамал (45+7′-11м), Фермин Лопез (51′) и Роберто Левандовски (56′, 61′). Ентони Еланга (15′, 28′) беше двоен стрелец за поразените.
По трет пат во својата историја, Барселона постигна седум гола во натпревар од нокаут фазата на Лигата на шампионите.
Претходно тоа го сторија против Баер Леверкузен во 2012 година и против Селтик во 2016 година.
Во четвртфиналето ќе играат против победникот од дуелот помеѓу Атлетико и Тотенхем. Шпанците влегуваат во вечерашниот натпревар со водство од 5:2 од првиот натпревар.






