[ВИДЕО] Савески очекувал поголема поддршка од пратениците: Секој предмет има еднакво значење, нема да правам приоритети

Макфакс

19/03/2026

13:19

380

Големина на фонт

а а а

Секој предмет има еднакво значење, нема да правам приоритети на предмети, изјави новиот државен јавен обвинител, Ненад Савески, кој денеска даде свечена изјава во Собранието. Тој кажа дека ќе работи исклучиво според закон и според меѓународните стандарди.

На новинарско прашање што мисли за тоа што опозицијата на вчерашната собраниска седница не го поддржала неговиот избор, Савески вели дека политиките на политичките партии не се од негов интерес.

„Да бидам искрен очекував поширока поддршка од пратениците. Меѓутоа интерсите на политичките партии не се предмет на мој интерес. Секој кажан збор во поглед на вчерашната расправа за мене, секој збор беше од големо значење. Товар не чувствувам, политиката на политичките партии никогаш не била мој интерес, ниту вчера, ниту денес ниту во иднина. Без оглед на тоа колку гласови сум добил, одговорноста зависи од тоа што како законска обврска е предвидено“, рече Савески.

Тој вели дека јавноста, вклучително и политичката јавност, има право да има очекувања, има право да го коментираат постапувањето на јавните обвинители меѓутоа, како што рече, секој јавен обвинител пред себе ги има законите и меѓународните стандарди.

„Го познавам обвинителскиот состав и верувам во јавните обвинители, и заедно со нив сигурен сум дека ќе ги задоволиме очекувањата на граѓаните во чие име, Устав и закон постапуваме ние јавните обвинители“, рече Савески.