26-годишен скопјанец го пронашол неговиот другар во бессознание: Лекар констатирал смрт

Макфакс

19/03/2026

14:50

365

Големина на фонт

а а а

Вчера во 19:42 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Н.Г. од Скопје пријави дека во 19:40 часот го пронашол во бессознание неговиот другар, 24-годишниот М.С. од Скопје.

Според пријавеното, другар му дошол кај него околу 10:00 часот и набргу тој легнал да спие, а откако се разбудил го пронашол М.С. во бессознание.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.